Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Македонските кроасани 4U со реномираниот сертификат за квалитет IFS го освојуваат ЕУ пазарот

Време: 09:59

Датум: септември 20, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Покрај отворањето на нов производствен погон опремен со најсовремени машини, фабриката „Жито пром“ од Гевгелија неодамна го доби и ценетиот интернационален сертификат IFS (International Featured Standard) со кој се гарантира врвен квалитет и безбедност на храната. Станува збор за сертификат кој е воведен во 2002 година од германската, француската и италијанската трговска асоцијација и е еден од главните инструменти кој им овозможува на прозводителите да извезуваат во земјите – членки на ЕУ. Новиот погон и сертификат се врзани со производството и извозот на кроасаните 4U кои засега се продаваат во Холандија, Германија, Полска, Израел, Шведска, Италија, Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Бугарија и Романија. Но добивањето на IFS ќе гарантира и влез во многу други држави низ целиот свет на што постојано се работи во „Жито пром“.

IFS е развиен на две нивоа – основно и повисоко. Кроасаните 4U ја добија оценката, повисоко ниво што значи дека производот е направен според критериуми кои се сметаат за повисоки стандарди во индустријата за храна. Добивањето на сертификатот било реализирано преку DNV GL, интернационално акредитиран регистар и асоцијација за класификација чие седиште е во Норвешка.

– IFS е наменет за новиот погон во „Жито пром“ во кој се произведуваат кроасаните 4U. Со оглед на тоа дека паралелно на имплементацијата градевме и оспособувавме нов простор, истиот е поставен според барањата на стандардот. Целиот систем е насочен кон заштита на купувачите и овозможување квалитетен и безбеден производ. Тоа значи детална контрола на секоја суровина и добавувач, работење по строги правила и процедури, константно следење на процесите и водење на обемна документација со цел стандардизирање на производството, а и намалување на ризиците – објаснува Татјана Танева Новаковска од „Жито пром“.

Таа посочува дека овој тип на стандарди често се задолжителен услов од европските компании за да се воспостави соработка.

– Со оглед на тоа дека извезуваме во голем број земји, грижата за нашите купувачи е примарен фокус на нашата компанија. Дополнително, доколку се стремиме кон ЕУ не останува ништо друго освен професионално да се подготвиме за иднината што доаѓа. Трудот, енергијата и постојаните инвестиции се тие што ќе нè насочуваат кон начинот на работење на развиените европски компании – додава Танева Новаковска.

Во „Жито пром“ во моментов се работи на обезбедување уште еден сертификат, Kosher стандардот кој е особено значаен за да го зголемат извозот.

– Со овој стандард се гарантира дека храната е погодна или „чиста“ за консумирање според еврејскиот верски закон за храна кој е наведен во Тората. Законите за кошер вклучуваат опсежна легислатива што се однесува на дозволена и забранета храна во неколку аспекти како и меѓународниот стандард за општествена одговорност BSCI – истакнува менаџерскиот тим на „Жито пром“.

Фабриката во моментов брои 50 вработени. Од пред неколку месеци беше отворен и новиот погон за кроасаните 4U со што се зголеми производството. Следните планови се фокусирани на проширување на производната палета како и имплементација на стандарди за квалитет кои се бараат на други пазари надвор од Европа.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Се зголемува интересот кај компаниите за стандардизација

    Се зголемува интересот кај компаниите за стандардизација

    Кај македонските компании се зголемува свеста и интересот за стандардизирање на производите и услугите. Примената на стандардите ги отвора пазарите, ја јакне конкурентноста, но придонесува…

  • Најголемиот американски трговски синџир заминува во историјата

    Најголемиот американски трговски синџир заминува во историјата

    Некогаш доминантниот американски трговски синџир „Сирс“, кој го смени начинот на пазарење и животен стил на Американците, поднесе барање за банкрот. „Сирс“, 132 години стариот…

  • Акциите на Sony можe да се зголемат за околу 30%

    Акциите на Sony можe да се зголемат за околу 30%

    Акциите на „Sony“ може да се зголемат за речиси 30 отсто, велат аналитичарите, пренесува „CNBC“. Инвеститорите се настроени позитивно кон јапонскиот технолошки гигант, главно благодарение…

  • Се одржа првата Бугарско-македонска културна средба

    Се одржа првата Бугарско-македонска културна средба

    Во Софија, во литературен клуб „Перото” во НДК Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина” организираа „Бугарско-македонска културна средба”. На состанокот учествуваа истакнати културни личности од…

  • JPMorgan објави подобри резултати од очекуваните

    JPMorgan објави подобри резултати од очекуваните

    Најголемата американска банка по актива „JPMorgan Chase & Co.“ забележа повисока од очекуваната добивка за кварталот, откако профитот од повисоките каматни стапки и растот на…

  • Поголеми плати и колективен договор за вработените во „Фени“ по завршување на стечајот

    Поголеми плати и колективен договор за вработените во „Фени“ по завршување на стечајот

    Договори на неопределено време и повисоки плати за вработените на „Фени“ од Кавадарци  по целосното завршувањето на стечајната постапка, најавува Синдикатот на индустрија, енергетика и…

  • На слончето на Халкбанк му треба име!

    На слончето на Халкбанк му треба име!

    Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за Детското штедење – слонче! Слончето е толку неодоливо, но нема име! Сакајќи на…

  • Foxconn објави раст од 30 отсто на приходите за септември

    Foxconn објави раст од 30 отсто на приходите за септември

    Тајванската компанија „Foxconn“, кој е клучен снабдувач на „Apple“, забележа 30 проценти скок на приходите за септември, со што ги зајакнува очекувањата за стабилна производна…

  • PayPal ќе соработува со Google Pay во Европа

    PayPal ќе соработува со Google Pay во Европа

    Клиентите на „PayPal“ – „Дигиталната „Mastercard““, како што ја нарекуваат некои професионалци, во голем број држави во Европа ќе можат да плаќаат преку „Google Pay“…

  • Скокни во Халквантура: Голема наградна игра на Халкбанк со главна награда Jeep Compass

    Скокни во Халквантура: Голема наградна игра на Халкбанк со главна награда Jeep Compass

    „Скокни во Халквантура“ е новата голема наградна игра на Халкбанк и Mastercard, која на сите нови и постојни клиенти на банката им нуди можност да…