29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony го оживува класичниот PlayStation 1 (видео)

Sony го оживува класичниот PlayStation 1 (видео)

Ако сте од оние луѓе кои по второто пиво почнуваат да се расправаат како оригиналната конзола „PlayStation“ одигра клучна улога во трансформацијата на индустријата со видео игри во форма на искуство, тогаш имаме вести за вас.

„Sony“ го објави својот најнов производ кој е насочен кон носталгијата и може да се покаже како совршен подарок за секој „old school“ гејмер – нова верзија на класичната конзола „PlayStation 1“, која овој пат ќе се појави на пазарот под името „PlayStation Classic“, пренесува „TechCrunch“.

Компактната нова конзола ќе биде достапна на пазарот на 3-ти декември со продажна цена од 99,99 долари.

Слично на бизнис чекорите на „Nintendo“ кој често пушта класичени производи, „облечени во нови алишта“, новиот „PlayStation Classic“ на „Sony“ доаѓа со голем број класични игри. Конзолата ќе се продава со 20 класични игри, меѓу кои „Final Fantasy VII“, „Jumping Flash“, „Ridge Racer Type 4“, „Tekken 3“ и „Wild Arms“.

„Пред околу 25 години, оригиналната „PlayStation“ беше претставена пред светот. Развиена од „Sony Computer Entertainment“, тоа беше првата домашна конзола за видео игри во историјата, од која беа продадени 100 милиони примероци, нудејќи им на корисниците шанса да играат игри со вистинска 3D графика за прв пат во домашни услови“, велат од „Sony“.

„Долгогодишните фанови ќе ја ценат носталгијата која доаѓа преку повторното враќање на игрите кои ги познаваат и сакаат, додека гејмерите ​​кои може и да се новите платфроми, можат да уживаат во првокласното „PlayStation“ искуство со кое се лансира сè“, пишуваат од компанијата.

Според податоците на „Sony“, новиот компактен „PlayStation“ ќе биде за 45% помал од првичната конзола, а ќе пристигне и со помали контролори, кои исто така ги имитираат класичните.

Секоја конзола ќе се продава со „HDMI“ и „USB“ кабел и два контролори.

Конзолата ќе биде достапна за претходно нарачување на некои локации во САД и Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП