16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone за 99 долари?

iPhone за 99 долари?

ijh

Според „Reuters“ компанијата „Apple“ работи на цел спектар на варијации на „iPhone“ за следната година. Па така се споменуваат уреди во различни бои, уреди со екрани од 4.7 и 5.7 инчи и се очекува со овие модели да конкурираат на паметните телефони кои ги произведува „Samsung“.

Сите информации најверојатно доаѓаат од азиските производители на кои „Apple“ им дава спецификации за идните мобилни телефони.

Сега повтроно е актуелна приказната за евтиниот „iPhone“ кој ќе чини 100 долари, поточно 99, а кој би требало да цели на младите корисници, па поради тоа ќе биде направен во различни бои и ќе биде од пластика се со цел да се намали што е можно повеќе продажната цена.

Според еден неименуван извор овој телефон би се нашол во продажба од следната година. Додека според други масовното производство ќе започне веќе во август оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП