19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle потпиша договор со најголемата автомобилска алијанса во светот

Google потпиша договор со најголемата автомобилска алијанса во светот

Технолошкиот гигант „Google“ прави сериозен чекор во автомобилската индустрија преку партнерство со алијансата „Renault-Nissan-Mitsubishi“. Таа ќе го користи оперативниот систем „Андроид“ на технолошката компанија за своите медиумски системи, кои ќе бидат вклучени во потенцијалните милиони продадените возила ширум светот, пишува „Wall Street Journal“.

Автомобилската алијанса која продава повеќе автомобили од било кој друг производител во индустријата, го избра „Google“ за снабдувач на оперативен систем за неговиот инфо-забавен систем од новата генерација. Ова е одличен успех за технолошкиот гигант од Силиконската долина, кој помина повеќе од една деценија обидувајќи се да го врати успехот што го има со паметните телефони, но кај автомобилите.

Алијансата, кој минатата година продаде вкупно 10,6 милиони возила во целиот свет, ќе го објави новиот систем во 2021-ва година, давајќи им на возачите подобра интеграција на мапите на „Google“, на продавницата за апликации и гласовниот асистент во автомобил, велат од компаниите.

Потегот се случува во момент во кој другите автомобилски производители не се подготвени да ја отстапат контролата во оваа област на технолошките конкуренти, делумно поради тоа што ја сметаат технологијата како генератор на вредни информации за корисникот кој може да се претвори во нови приходи.

Многу возачи остануваат поврзани со нивните телефони, претпочитајќи да ги користат во нивниот автомобил за навигација или други задачи. Автомобилската индустрија се обидува да развие интерфејси кои се посигурни и полесни за користење. Многу системи за автомобили се премногу сложени и склони кон проблеми, велат аналитичарите.

Зделката најверојатно ќе изврши притисок врз конкурентите на Алијансата да ги отворат нивните мултимедијални системи во автомобилите кон „Google“ или „Apple“ – друг софтверски гигант, кој се обидува да игра поголема улога во автомобилската индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП