Австралиската компанија „Motion Code: Blue“ има ново хоби за милијардерите кои имаат страст кон јахтите. Станува збор за 115 метри долгата комбинација на подморница и јахта која може да се нурне до 240 метри под вода.
Се уште не е позната цената на оваа јахта.
Нејзнинте творци велат дека ваквиот необичен концепт им дошол на ум поради се поголемите и екстравагантни барања на милионерите и милијардерите кои сакаат да се одвојат од останатите сопственици на „обични јахти“.
Трупот на „Migalоо“ е направен по примерот на најмодерните подморници и е широк 11 метри. Во кулата се наоѓа специјален лифт и скали, а на големата палуба има делови за одмор, лежалки, бар, базен кој е долг осум метри и хелиодром.
Инаку ова пловило се вика по албино китот – „Migalоо“.
На второто ниво од палубата се ноаѓа голем салон, приватен бар и апартман на два ката, додека за гостите се предвидени дури осум апартмани на пониските нивоа. Покрај сето ова на јахтата-подморница има место и за кино-сала, библиотека, теретана и казино.