20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се пријави данок на имот до крајот на месецот!

Да се пријави данок на имот до крајот на месецот!

1

Град Скопје ги известува сите правни и физички лица кои имаат непријавен  недвижен имот или извршиле промена на сопственост на имотот дека промената можат да ја пријават до 31 овој месец, согласно со член 29 од Законот за даноци на имот.

Пријавувањето на недвижниот имот или промената на сопственост на имотот се врши  во Град Скопје , барака број 16, Сектор за финансиски прашања.

Кон пријавата потребно е да се достават следниве документи: копија од имотен лист или купопродажен договор, или наследно  решение, договор за подарок (правниот основ со кој се врши стекнувањето или промената на имотот) и лична карта на увид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП