Оваа луксузна и уникатна зграда која е лоцирана на плажата во Холивуд, Флорида преставува богат извор на луксуз. За овој изграден проект се вели дека е еден од најпрестижните во Јужна Флорида.
Зградата е сочинета од двесте резиденции. Во секоја од нив има прозори кои се протегаат од таванот до подот, големи балкони кои имаат фантастичен поглед кон океанот и сите удобности кои човек може да ги посака.
Еден од најпопуларните факти поврзани со оваа луксузна зграда е тоа дека со неа во комплет доаѓаат и 73 метри од плажата, заедно со приватни настрешници за нејзините станари.
Газдите на една од овие резиденции имаат можноста да користат многу погодности во здрадата, тие имаат 24-часовно обезбедување, батлер, комплетна грижа и нега, хигиеничар по желба и уште многу нешта кои им ги нуди оваа зграда. Погледнете како изгледаат резиденциите кои ги поседуваат богатите лица.