Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ŠKODA го претстави новиот концепт Vision RS(фото+видео)

Време: 11:01

Датум: септември 5, 2018

Категорија: АВТОБИЗ

Концептот на ŠKODA – Vision RS свое деби ќе има на Париз Мотор Шоу 2018 година, кога ŠKODA ќе го понуди првиот поглед на својот иден компактен автомобил, истовремено навлегувајќи во следната фаза на дизајнот за својот спортски RS модел.

Пред светската премиера во октомври, чешкиот бренд ги објавува скиците со цел да го пренесе првиот впечаток за овој динамичен концептуален автомобил. Како дополнување, објавеното видео илустрира како ŠKODA Vision RS се оформува во Одделот за дизајн, предводен од главнот дизајнер Оливер Стефани.

Дури и грубите скици откриваат дека клучен дел од концептот на возилото е аеродинамиката. Предницата е прецизно дефинирана. Со своите тенки фарови, изгледа навистина динамично. Во задниот дел доминира дифузерот и аеродинамично оптимизираниот покривен спојлер.

ŠKODA Vision RS е долг 4.356 милиметри и широк 1.810 милиметри, со висина од само 1.431 милиметри и меѓуоскино растојание од 2.650 милиметри. Вклучувајќи јасни референци за моторни трки, овој автомобил всушност го претстави вкусот на следната фаза на дизајнот на моделите со RS перформанси, базирано на 117-годишната традиција на ŠKODA во мотоспортот. Комбинацијата на RS буквите беше првично воведена во 1974 година за рели тркачките спортски автомобили 180 RS и 200 RS. Следејќи го успехот на 130 RS, стана познат низ целиот свет, а од 2000 година се користи за да се идентификуваат варијантите на перформансите на различните ŠKODA модели.

Ексклузивен изглед зад вратите кои вообичаено се затворени

Домот на ŠKODA Design е вила изградена во 1890 година на брегот на реката Језера во областа Чесана во Млада Болеслав. Таа е дел од напредниот и цврсто чуван технолошки центар ŠKODA Auto, кој беше преместен во Чесана во 2008 година и повторно се модернизираше во 2015 година. Ова е местото каде што футуристичката технологија и традиција се среќаваат во идилична околина, со цел да создадат посебна атмосфера која ќе придонесе за креативна работа. И токму тука е главниот дизајнер Оливер Стефани заедно со останатите 150 вработени од 26 земји, кои го развиваат јазикот на дизајнот на ŠKODA од иднината. Вилата некогаш била приватна резиденција на текстилниот производител Франц Хилер. Во текот на 19-тиот век, локацијата за првпат стана куќа за производство на текстил. Производството на делови за возилата ŠKODA пристигнало дури во средината на 20 век.

Во претставеното видео, камерата лета токму кон оваа „Дизајн вила“. Со снаодливи потези и инспириран од историскиот рели шампион ŠKODA 130 RS, дизајнер седи во дворот на вилата скицирајќи атлетичен компактен автомобил на таблет, со прецизни, лесни линии и различни контури – тоа е ŠKODA Vision RS.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Cupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

    Cupra Formentor изгледа „опасно“ (фото+видео)

    Новата шпанската марка „Cupra“, која до неодамна беше поделба на „Seat“ во Женева ќе претстави прототип на спортски кросовер чија сериска верзија ќе излезе на…

  • Volvo S60 тргна за Европа од Америка

    Volvo S60 тргна за Европа од Америка

    „Volvo“ започна од САД да го извезува новиот „S60“, кој се произведува во фабриката во Јужна Каролина. Првите прмиероци од новата генерација на лимузината на…

  • Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

    Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

    Одлична традиција: Opel останува лојален на мотоспортот Европски шампионат во рели: следната Opel Corsa како R2 достапна на крајот на 2020 година Риселсхајм. Opel останува…

  • Компактни спортски автомобили во врвна форма:  Новиот Audi TT RS Coupé и Новиот Audi TT RS Roadster

    Компактни спортски автомобили во врвна форма: Новиот Audi TT RS Coupé и Новиот Audi TT RS Roadster

    Audi Sport го прикажа врвниот модел на серијата TT, со уште подинамичен изглед, новиот TT RS со сигурност покажува што има да понуди. Неговиот петцилиндричен…

  • Хибридниот Peugeot 508 – до „стотка“ зa 4,3 секунди! (фото+видеo)

    Хибридниот Peugeot 508 – до „стотка“ зa 4,3 секунди! (фото+видеo)

    Францускиот производител го претстави концептот „Peugeot 508 Sport Engineered“ со „plug-in“ хибриден погон и спортски перформанси, пред официјалната премиера на ова возило на женевскиот авто-саем.…

  • Најпопуларните електрични возила во светот

    Најпопуларните електрични возила во светот

    Лидер е „Nissan Leaf“, но третото место ќе ве изненади. Центарот за истражување на соларната енергија и водородот во Баден-Виртемберг ги објави најпопуларните електрични во…

  • Subaru најави концептен кросовер со високи перформанси

    Subaru најави концептен кросовер со високи перформанси

    Речиси сите производители ги најавуваат своите премиери со таинствени фотографии и снимки oд моделите кои ќе ги претстават на престижниот саем за автомобили во Женева…

  • Mazda ги откри адутите на новата „тројка“ во Европа (фото+видео)

    Mazda ги откри адутите на новата „тројка“ во Европа (фото+видео)

    Јапонскиот производител ги објави фотографиите и спецификациите на новата „Mazdа3“ зa европскиот пазар. „Mazda“ во Лисабон ја одржа европската презентација на новата „тројка“. Пред новинарите…

  • Премиера: Новиот Ford Focus ST со 280 ks (фото+видео)

    Премиера: Новиот Ford Focus ST со 280 ks (фото+видео)

    „Ford“ ги објави фотографиите и техничките детали за спортската, „ST“ верзија на новиот „Focus“ кој ќе биде достапен со бензински и дизел мотори. Новиoт „Focus…

  • Новиот Stratos базиран на Ferrari ќе чини 500.000 евра (фото+видео)

    Новиот Stratos базиран на Ferrari ќе чини 500.000 евра (фото+видео)

    По минатогодишниот прототип, компанијата „Manifattura Automobili Torino“ (MAT) на саемот во Женева ќе ја претстави продукциската верзија на новата инкарнација на легендарниот „Lancia Stratos“. На…