20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСекојдневните херои во Топ-форма: Новите OpelComboLife и Combo

Секојдневните херои во Топ-форма: Новите OpelComboLife и Combo

  • За највисоко ниво на безбедност и удобност: Развиени според стандардите за патнички автомобили
  • За семејство и повеќе: ComboLifeсо седум седишта и со две лизгачки врати
  • За трговија и малопродажба: Combo со простор за две Eурo палети
  • За сите цели: Стандардна или XL верзија, повеќе конфигурации за седење, кабина за екипаж и уште повеќе
  • За зголемена безбедност: Водечки технологии и системи за помош на возачот
  • За ниски трошоци за работа: И двете верзии импресионираат со најголема ефикасност

Риселсхајм: Петтата генерација на компактниот мултифункционален OpelCombo е подготвена. Целосно практичен, удобен и над сѐ иновативен, новакот е достапен во верзијата ComboLife- патнички автомобил и верзијата Combo- комерцијални возила,  и двете во бројни варијанти. ComboLife и Combo се достапни како стандардна (4,40 метри) или XL (4,75 метри) верзија. Семејниот ван е опционално достапно со пет или со седум седишта со доволно простор, до 2.693 литри багаж. Транспортерот (лесно комерцијално возило – LCV) исто така е достапно со кабина за екипажот и со отворен покрив. Тој нудиобем на товарање до 4,4 м3., простор за две Еуро палети и има носивост до1.000 кг. Оваа извонредна флексибилност е овозможена од целосно новата архитектура на Combo базирана на и со софистицирано пакување.

Благодарение на новиот пристап за развој, новата генерација Combo нуди незаменливо богатство на иновативни технологии и системи за помош кај патничките автомобил и верзиите на лесни комерцијални возила. Наспроти нормалната процедура, тоа беше развиено според стандардите за патничките автомобили од самиот почеток – а не како комерцијалните возило на кое се додаваат карактеристиките. Ова е причината зошто тоа доаѓа со далеку највисоко ниво на технологии за удобност и безбедност во сегментот.

Затоа, професионалците и работниците кои користат комерцијална верзија на Combo може да имаат речиси исти карактеристики, безбедност и удобност како и семејствата. Бројни системи за помош на возачот и безбедносни системи како автоматски крузконтрол до предупредување за судир со откривање на пешаци и автоматско сопирање во итен случај, предупредување за поспаност на возачот кон предупредувањето за трепкање на страничните слепи точки или приказот на Headup ја зголемуваат безбедноста насемејството во CombroLife, како и за патниците на Combo. Покрај тоа, адаптивниoт Системот за контрола на тракцијатаIntelliGrip со пет режими гарантира дека сопствениците на Combo можат да ги напуштатасфалтираните патишта за послободни активности или за лесен пристап до градилиштата со каллива, песочна или дури снежна површина.

Дополнителна безбедносна карактеристика е достапна за варијантата за превоз на панели. Опционалниот SurroundRearVision во голема мера ја подобрува видливоста на ванот или на целосно товареното возила. Понатаму,втора камера во надворешниот ретровизор на совозачот гарантира дека возачот нема повеќе не треба да се грижите за слепа точка на оваа страна на возилото. И, новиот Combo исто така може да биде опремен со новиот сензор базиран на FlakGuard систем кој помага кај досадните и скапи испакнатини.

Извонредниот комфор исто така е загарантиран во LCV од загреаните предни седишта (вклучувајќи го и надворешно седиште на клупата на патниците) и загреаниот волан. Од друго страна, двојната зона на климатска контрола обезбедува пријатни температури во возилото во топлите денови. Возачите на ComboLife i Combo се целосно поврзани благодарение на последната генерација на AppleCarPlay и компатибилните инфозабавни системи со AndroidAuto со тачскрин екран во боја од осум инчи.

Под хаубата, клиентите можат да се изберат различни турбо бензински и дизелски мотори. Сите погонски единици комбинираат високо ниво на агилност со примерна ефикасност на горивото. Во однос на преносотCombo и ComboLife се достапни со рачен менувач со пет или шест брзинии – за прв пат во Combo – со опционалeн осум брзински автоматски менувач. Така, Opel уште еднаш ги направи водечките технологии достапни за широка публика во овој сегмент.

Робусниот изглед на патнички автомобили е нагласен од повисоката хауба во споредба со другите возила во сегментот, типично Opel карактеристики на дизајнот, како што LED дневно светло во облик на крило.

Варијантата LCV ќе ја има својата светска премиера на саемот за комерцијални возила на IAA во Хановер (20-27 септември 2018 година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП