6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН: Откупот на учебниците оваа година поевтин, потранспарентен и поквалитетен

МОН: Откупот на учебниците оваа година поевтин, потранспарентен и поквалитетен

За оваа учебна година, за разлика од претходните, откупот на потребниот број учебници за потребите на учениците е извршен по намалена цена, а се овозможува набавка на целосно нови комплети учебници за учениците од прво до трето одделение, согласно Законот за учебници за основно и средно образование, што досега не беше пракса, односно во целосен тираж се печатеа само учебниците во кои има содржини кои се пополнуваат со пишување, боење, лепење и сечење, како и учебниците кои беа целосно оштетени и не можеа да се применуваат, тврди Министерството за образование.

Според нив, постапките за преговори и склучените договори се целосно во согласност со позитивните правни прописи во земјата, односно согласно Законот за јавните набавки, Законот за учебници за основно и средно образование и Законот за основно образование.

Станува збор за склучени два договори за набавка на учебници, со две издавачки куќи кои Министерството за образование и наука тврди дека неколку години наназад го имаат ексклузивното авторско право над соодветните учебници, односно авторското право над поголем дел од учебниците кои се применуваат во основните училишта во Република Македонија.

,,Инаку, ваков тип на договори по пат на преговори се склучени и со други 17 издавачки куќи, кои ги имаат откупено авторските права над останатите учебници од кои се учи во основните училишта. Единствената разлика е што оваа година при преговорите со издавачките куќи, постигната е откупна цена која е за 40% пониска во однос на минатите години”, соопшти МОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП