19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОстров што може да се посети само двапати годишно е најексклузивното место...

Остров што може да се посети само двапати годишно е најексклузивното место во Италија

Најексклузивното место во Италија е остров што е толку заштитен што влезот за посетители е дозволен само двапати годишно.

Островот Монтекристо во Тиренското Море во провинцијата Ливорно е дел од тосканскиот архипелаг, кој го сочинуваат и соседните острови Елба, Џиљо и Капреја.

Монтекристо е остров со богата флора и фауна, па токму поради тоа е под строга заштита. На него живеат само четири луѓе, кои се грижат за заштита на животната средина. Риболовот е забранет, но исто така и пристапот до брегот.

Сепак, меѓу 1 и 15 август и 31 август и 31 октомври островот е отворен за посетители, но треба посебна дозвола за да се дојде на него.

За време на престојот, туристите може да го посетат главното пристаниште Кала Маестри, но се организираат и тури низ целиот остров со придружба од професионалци. Секоја година само 1 000 луѓе добиваат дозвола за влез, а предност имаат научни тимови или училишта кои доаѓаат на екскурзии.

Островот го прославил францускиот писател Александар Дима, бидејќи таму се одвива дејството во неговиот авантуристички роман од 1844 година, „Грофот од Монте Кристо“, каде што главниот лик Едмонд Данте наоѓа закопано богатство на островот, кое ќе му овозможи да го спроведе својот одмазнички план на дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП