26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлкасер од Барселона во Дортмунд за 22,5 милиони евра

Алкасер од Барселона во Дортмунд за 22,5 милиони евра

Шпанскиот фудбалер Пако Алкасер премина од Борусија Дортмунд во Барселона во трансфер вреден 22,5 милиони евра, објави бундеслигашот на својата веб-страница.

Борусија прво ќе плати 2,5 милиони евра за позајмица на фудбалерот, додека на крајот од сезоната ќе мора да плати уште 20 милиони за да го откупи неговиот договор.

Алкасер во Барселона дојде од Валенсија во 2016 година, но не се избори за првиот состав.

За националниот тим на Шпанија има одиграно 13 натпревари и постигнато шест гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП