3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota ќе инвестира 500 милиони долари во Uber

Toyota ќе инвестира 500 милиони долари во Uber

Автомобилскиот гигант „Toyota Motor“ ќе инвестира 500 милиони долари во „Uber“, а двете ќе работат заедно во развивање на самоуправувачки автомобили, објавија компаниите, цитирани од „Ројтерс“.

Потегот има за цел да им помогне да се израмнат со други компании во особено конкурентниот пазар на автономни автомобили.

„Toyota“, еден од најголемите производители на автомобили во светот, и „Uber Technologies“, водечката компанија за споделено патување, сметаат дека заостануваат во битката за развој на самоуправувачки автомобили. Партнерството ја одразува стратегијата на главниот извршен директор на „Uber“, Дара Косровшахи во развој на автономни возила преку партнерства, а не самостојно.

Договорот носи нов живот за овој бизнис на „Uber“. Откако автономниот автомобил на „Uber“ уби пешак во Темпе, Аризона, во март, компанијата ги отстрани автономните автомобили од улиците, скрати стотици тест возења и ги затвори своите операции во Аризона – нејзиниот центар за тестирање на автономни автомобили.

Инвестицијата ја проценува „Uber“ на 72 милијарди долари, одговарајќи на оценката која „Uber“ ја доби во зделка со единицата за автомобили на „Alphabet“ – „Waymo“, претходно во оваа година.

„Uber“ ќе го обедини својот систем за автономно возење со технологијата „Guardian“ на „Toyota“, која нуди автоматски функции за безбедност, како и можност за возење во точните ленти, па автомобилите да можат да се движат апсолутно самостојно.

Комбинираната технологија ќе биде вградена во миниванот „Sienna“ на „Toyota“, кои ќе се користат во мрежата од автомобили на „Uber“ од 2021-ва година, откри компанијата за споделено патување.

Двете компании имаат за цел да го решат уште сериозниот проблем со тоа како да произведуваат масовно автономни автомобили, вклучувајќи ги услугите за споделено патување.

Џеф Милер, шефот за бизнис развој на „Uber“ за стратешки иницијативи, тврди дека партнерството „навистина ја одразува сликата како гледаме конкористењето на автономната технологија на долгорочен план“. Ова вклучува лиценцирање на својата технологија за автомобилските компании.

„Toyota“ не атакува толку агресивно како некои конкуренти во однос на самоуправувачките возила, изразувајќи ја загриженоста за технологијата, и е фокусирана на одделни системи како „Guardian“. Но, компанијата инвестира во истражување и тврди дека планира да започне да тестира самоуправувачки електрични возила околу 2020-та година.

„Uber“ призна дека нејзината технологија заостанува во однос на „Waymo“, а катастрофата во Аризона го успори дополнително развојот на проектот и тестовите. Партнерството со „Toyota“ ја става „Uber“ под притисок да ги закрепне тестовите на јавните патишта, но компанијата се бори со регулаторите и политичарите за прашања поврзани со нивните стравувања по безбедноста. Милер тврди дека „Uber“ планира да ги врати автомобилите на патиштата до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП