29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар сака победа на сите дуели во СЕХА-лигата

Вардар сака победа на сите дуели во СЕХА-лигата

Според традицијата, сезоната во СЕХА-лигата ќе почне со македонското дерби меѓу Вардар и Металург. Дуелот е на програмата в среда во СЦ „Јане Сандански“, од 20.45 часот.

Пресметката во првото коло, во СЕХА-конкуренцијата, ќе биде веќе второто соочување на овие две екипи од почетокот на сезоната. Пред две недели Вардар го доби дуелот во Супер купот на Македонија со 33:24.

„Се извинувам што не можам на првата прес-конференција да зборувам на македонски. Уште не сум подготвен да зборувам добро, но за еден месец ќе можам да го направат тоа. Стартуваме во СЕХА-лигата со натпреварот против Металург. Имаме проблеми со неколку ракометари. Играме повторно со тим кој е наш стар ривал. Не сме во најдобар момент бидејќи не сме комплетни, но нашата стратегија е на секој натпревар да одиме на победа“, вели Роберто Гарсија Парондо, тренерот на Вардар.

Предводникот на „црвено-црните“ проговори и за дуелот во Струга кога неговите играчи лесно се справија со Металург.

„Одигравме добра средба со Металург во Струга во Супер купот. Сега ситуацијата е поинаква и ова е сосема друг натпревар. Го почитуваме противникот и го респектираме, но нашата цел ќе биде да одиме на победа на секој натпревар“, вели Парондо.

Вардар во дербито ќе влезе без капитенот Стојанче Стоилов и средниот бек Игор Карачиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП