2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално: BMW Z4 дебитираше со специјална верзија (фото+видео)

Официјално: BMW Z4 дебитираше со специјална верзија (фото+видео)

Пред една година „BMW“ го претстави на конкурсот за дизајн во „Pebble Beach“ (Калифорнија) концептниот роудстер „Z4“. Сега истата манифестација беше домаќин на премиерата на сериската верзија на моделот.

Автомобилот беше прикажан во верзијата „BMW Z4 M40i First Edition“, чија каросерија е обоена во ексклузивна портокалова боја – „Frozen Orange“ со металик. А дизајнот на серискиот модел во целосно го повторува прототипот од 2017-та година.

Производителот тврди дека новиот роудстер „Z4“ располага со идеална распределба на тежината помеѓу двете оски – 50:50, а компактните димензии обезбедуваат одлична управливост и му овозможуваат на возачот да добие вистинско задоволство при возењето.

Под хаубата на „Z4 M40i First Edition“ е поставен бензински турбомотор со 6 цилиндри. Неговиот волумен е 3,0 литри и моќност од 340 КС. Овој двосед забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди. Возилото е опремено со спортска суспензија со електронско контролирани амортизери, систем за сопирање „M Sport“ и заден диференцијал „M Sport“, кој исто така е раководен од електронски систем.

Портокаловата боја на каросеријата се комбинира со црн мек покрив со сребрен ефект. Има дополнителен пакет сјајни елементи од „BMW Individual“, црни обвивка на страничните ретровизори и 19-инчни фелни во две бои со 5 двојни краци.

Внатрешноста е со црна кожа „Vernasca“ со декоративни елементи, а седиштата се регулираат со електричен систем, кои имаат функција за запомнување на поставките. Како опција е обезбедено посебно осветлување во кабината, како и аудио системот „Harman Kardon“.

Во листата на опрема на „Z4 M40i First Edition“ влегуваат уште адаптибилна индикациска оптика со матрични долги светла, проекциски дисплеј и виртуелен инструмент панел „BMW Live Cockpit Professional“.

Од „BMW“ најавија дека останатите технички детали за роудстер ќе бидат соопштени на 19-ти септември, а премиерата на моделот пред публика ќе се одржи на автосаемот во Париз во почетокот на октомври. Продажбата на новиот „Z4“ ќе започне во пролетта 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП