25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрачлоу доби нов договор

Крачлоу доби нов договор

Британскиот мотоциклист Кал Крачлоу го продолжил договорот со „Хонда рејсинг корпорејшн“, што значи дека за тимот ЛЦР ќе вози до 2020 година.

„Среќни сме што можеме да објавиме дека Кал го продолжи договорот. Последниот пат кога потпишавме договор за 2018 и 2019 година му дадовме фабрички мотор. Оваа година тој го покажа својот талент и го заслужи статусот на фабрички возач. Најдобар начин да го потврдиме неговиот статус е новиот договор што го доби Кал“, рекол Јошишуге Номура, претседателот на „Хонда рејсинг корпорејшн“.

Британецот во кариерата, во „кралската класа“, има забележано три победи, од кои една оваа сезона на трката во Аргентина. Во моментов се наоѓа на осмото место во генералниот пласман со 103 бода, 98 помалку од лидерот Марк Маркез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП