25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank сака своите вработени да патуваат помалку

Deutsche Bank сака своите вработени да патуваат помалку

Главниот финансиски директор на најголемата германска банка „Deutsche Bank“ сака вработените на банката сериозно да размислат следниот пат кога ќе одлучат да си резервираат лет, соопшти „Bloomberg“.

Џејмс фом Молтке ги повика вработените „да ја искористат секоја можност да ги ограничат несуштинските патувања“ до крајот на годината.

„Со ваша помош ќе ги оствариме нашите цели за намалување на трошоците“, пишува Молтке во електронската пошта до своите колеги во банката.

Ограничувањето на патувањата е една од последните мерки со цел намалување на трошоците под водство на новиот главен извршен директор на „Deutsche Bank“, Кристијан Зивинг кој ги смета дури и билетите за воз за прва класа и секојдневното купување на овошје за вработените.

Зивинг вети во април да ги задржи трошоците под 23 милијарди евра во 2018-та година, главно преку намалување на најмалку 4.000 работни места до крајот на годината.

Портпаролот на „Deutsche Bank“ одбил да даде коментар на оваа тема.

Во минатиот месец финансискиот директор ги повика сите вработени на банката да ги достават своите предлози за намалување на трошоците, а во првите 24 часа беа испратени над 500 предлози. Според зборовите на Џејмс фом Молтке трошоците за службените патувања биле едни од најчесто споменуваните.

Германскиот кредитор „Deutsche Bank“ забележа пад од 14% на нето добивката во вториот квартал на годишна основа, додека минува низ реструктуирање под новата власт. Нето добивката за вториот квартал достигна 401 милиони евра во споредба со 466 милиони евра за истиот период од минатата година. Приходите останале без промена на ниво од 6,6 милијарди евра, запирајќи го стрмниот пад од претходните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП