9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕК го одобри договорот Linde-Praxair по бројни отстапки од компаниите

ЕК го одобри договорот Linde-Praxair по бројни отстапки од компаниите

Антимонополскиот орган на Европската комисија го одобри во понеделникот договорот вреден 82 милијарди долари меѓу германската група за индустриски гасови „Linde“ и нејзиниот американски конкурент „Praxair“, откако компаниите се согласиле да го продадат имотот на „Praxair“ на свој јапонски конкурент, како и други отстапки, соопштува „Ројтерс“.

Според ЕК, продажбата на средствата ги увери нејзините стравувања дека договорот би можел да доведе до зголемување на цените и да наметне конкуренција.

„Со ова решение се гарантира дека спојувањето на „Praxair“ и „Linde“ нема да доведе до дополнителни концентрација во Европа и дека корисниците ќе продолжат да имаат придобивки од конкуренцијата на овие пазари“, изјави европскиот комесар за конкуренција Маргрете Вестагер во соопштението.

Антимонополски орган на ЕК соопшти дека „Praxair“ ќе го продава целиот свој бизнис со гас во 28-члената унија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и дека ќе го предаде својот удел во италијанската заедничка компанија во Централна и Источна Европа на партнерот „Flow Fin“.

Компаниите исто така ќе продаваат дополнителни договори за екстракција на хелиум на еден или повеќе купувачи.

„Praxair“ ветила да го продаде својот бизнис за индустриски гас во Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија, како и да ги премести околу 2.500 вработени кон конкурентот „Taiyo Nippon Sanso Corp.“ за цена од 5 милијарди евра.

Договорот „Linde-Praxair“, објавен во јуни минатата година, ќе ја стави новата компанија пред својот француски ривал, „Air Liquide“, во дистрибуцијата на индустриски гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП