3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБогатството на семејството Бенетон се намали за 2 милијарди долари по трагедијата...

Богатството на семејството Бенетон се намали за 2 милијарди долари по трагедијата во Џенова

Колапсот на мостот во Џенова избриша околу две милијарди долари од нето богатството на едно од најбогатите семејства во Италија.

Семејството милијардери Бенетон кое контролира 30,25% од „Atlantia“ – градежната компанија и оператор на тол системот, која управува со мостот Моранди, кој се урна минатиот вторник, одземајќи го животот на најмалку 43 лица. Уделот во „Atlantia“ е најголемата единечен актива, одземајќи над една третина од нивното богатство во вредност од 13,3 милијарди долари, покажува индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Портпаролот на семејството Бенетон одби да даде коментар за оваа тема.

Акциите на градежната компанија со седиште во Рим паднаа за 26% до 4-годишниот минимум по трагедијата, додека владата се подготвува да започне постапка за престанок на концесијата на компанијата. Семејството предложило помош на жртвите од катастрофата и поддршка за обновување на услугата за транзитни врски, додека делот на „Atlantia“ за тол системот – „Autostrade per l’Italia“, создаде фонд првично од 500 милиони евра за компензација на жртвите и повторно издигнување на мостот.

Водечкиот моден бренд на фамилијата кој започнува од една продавница за трикотажа, основан од браќата Лучијано, Гилберто, починатиот во 50-тите Карло и сестра им Џулијана, сега е еден од околу десетината средства во сопственост на инвестициската компанија на семејството „Edizione Holding“.

Заедно со „Atlantia“ семејството контролира акции во вредност од 9,3 милијарди долари во кои јавно се тргуваат компании, вклучувајќи 3% во „Assicurazioni Generali“ и 29,9% во шпанската „Cellnex Telecom“. Покрај тоа, семејството поседува земјоделско земјиште во Аргентина и рагби тимот Тревизо.

Широкото портфолио му помогна на семејството да генерира едно од најголемите лични богатства во Италија. Грст фамилии и личности, вклучувајќи го производителот на чоколадо „Ferreros“, основачот на „Luxottica Group“, Леонардо дел Векио и главниот извршен директор на „Walgreens Boots Alliance“, Стефано Песина се побогати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП