29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНапролет ќе биде отворен првиот подводен ресторан во Европа (фото)

Напролет ќе биде отворен првиот подводен ресторан во Европа (фото)

Првиот подводен ресторан во Европа ќе се отвори во пролетта 2019-та година.

Тој се наоѓа во Норвешка, а ако сакате да го посетите, треба да имате предвид дека има слободни места само за август и септември 2019-та година, или со други зборови за една година.

Ресторанот може да смести до 100 луѓе во исто време и е структуриран на три нивоа со огромен панорамски прозорец од кој посетителите ќе можат да го набљудуваат морското дно.

Ресторанот ќе биде во близина на малиот град Линдеснес, кој е околу 5 часа возење од Осло.

Откако гостите ќе го поминат влезот во ресторанот, ќе добијат чаша шампањ или да пробаат некој залак во долниот дел од барот додека чекаат да бидат услужени.

Изградбата на ресторанот ќе чини околу 6 милиони долари, а главен готвач ќе биде Данецот Николај Елицгард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП