16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедвижностите во Франција најскапи

Недвижностите во Франција најскапи

fra1

Недвижностите во Франција спаѓаат меѓу најскапите во светот, додека пак, цените во Германија се најниски во Европа, се наведува во меѓународната студија на весникот Економист.

Благиот пад на недвижностите кој започна во последниве месеци ништо не промени. Недвижностите во Франција, дефинитивно, се меѓу најпреценетите во светот, пишува францускиот Фигаро, повикувајќи се на штотуку објавената студија на Економист.

Пред само неколку месеци, Франција беше втора европска земја по висина на продажните цени на недвижностите, веднаш зад Белгија, додека пак денес е број еден во Европа, а во светот пред неа се само Канада, Хонг-Конг и Сингапур.

Меѓутоа, според висината на цената на недвижностите во однос на приходите на домаќинствата, Франција го држи првото место во светот, пред Канада, Холандија и Австралија, се нагласува во студијата.

Според истата студија, имотите за изнајмување се преценети за 50 проценти, додека продажните цени на становите се преценети за 30 проценти. Постојат мали шанси ситуацијата во Франција брзо да се нормализира, бидејќи падот на цените најверојатно во иднина ќе биде скромен, проценува весникот.

Што се однесува на Германија, со умерено зголемување на цените од 2,7 проценти, во 2012, колку и претходната година, недвижностите во оваа земја имаат добри шанси да продолжат со зголемувањето на цената, со оглед на ниските каматни стапки и ниската стапка на невработеност.

Сепак, имотите за изнајмување, како и продажните цени на недвижностите во Германија, во овој момент, се потценети за 17 проценти, се наведува во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП