4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia се збогува со Symbian

Nokia се збогува со Symbian

Symbian-Development-Stopped

Финскиот телекомуникациски концерн „Nokia“ донел одлука во текот на летото да престане со испораката на телефони базирани на платформата „Symbian“.

Во иднина паметните телефони на „Nokia“ ќе работат исклучиво на „Windows Phone“, а пак за евтините телефони ќе се користи специјално развиената платформа за уредите од серијата „Asha“. Па така моделот „Nokia 808 PureView“ со сензационалната камера со 41-мегапикселна резолуција на тој начин ќе стане последниот паметен телефон со „Symbian“ кој Финците ќе го пласираат на пазарот.

Откако во февруари 2011-та година „Nokia“ ја објави својата одлука да продолжи да се потпира на новата платформа „Windows Phone“ и постепено да го отфрли „Symbian“, уделот на „Symbian“ на пазарот на паметни телефони се намали исклучително брзо.

Ако пред неколку години системот држеше 50 проценти од пазарот и покрај значително помалиот број на вкупно продадени паметни телефони, сега процентот на „Symbian“ опадна до под пет проценти. Од оваа година „Windows Phone“ го престигна „Symbian“, откако во првиот квартал „Nokia“ има продадено околу 5.6 милиони уреди од серијата „Lumia“, а само 500.000 телефони кои користат „Symbian“.

„Потребни ни се 22 месеци за да направиме и да им покажеме на купувачите паметен телефон кој ќе работи на „Symbian“. Со „Windows Phone“ ни е потребна помалку од една година. Со тоа трошиме помалку време за развивање на програмските кодови, а за сметка на тоа може да се фокусираме на елементи кои ќе го подобрат корисничко искуство како за фотографија, картичка, музика и апликации “, изјави портпаролот на „Nokia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП