28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку денес изнесува инвестицијата од 1.000 долари во Amazon

Колку денес изнесува инвестицијата од 1.000 долари во Amazon

Акцијата на „Amazon.com“ ја затвори последната берзанска сесија по цена од 1886,30 долари за акција. Во јули, компанијата го помина максимумот од 900 милијарди долари, и според последните податоци, нејзината пазарна оценка е 920 милијарди долари.

Растот од над 60% на позицијата (61,3%) од почетокот на годината е добра вест за инвеститорите. Сепак, порастот е уште една причина за радост од страна на луѓето кои вложиле пари во компанијата пред 10 или повеќе години.

Извештајот на „CNBC“ покажува дека инвестицијата од 1.000 долари во „Amazon“ во август 2008-ма година денес би била еднаква на 23.581 долари.

Рекордните цени на „Amazon“ се главната причина растот на богатството на Џеф Безос. Основачот на компанијата сега поседува 156 милијарди долари, или речиси 60 милијарди долари повеќе од Бил Гејтс.

Од почетокот на годината, Безос додаде 56,5 милијарди долари на своето конто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП