5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСатја Надела продаде една третина од акциите во Microsoft

Сатја Надела продаде една третина од акциите во Microsoft

Главениот извршен директор на „Microsoft Corp.“, Сатја Надела има продадено нешто под една третина од обичните акции што ги поседува во софтверската компанија. Акциите на „Microsoft“ моментално се тргуваат со рекордно висока цена.

Се претпоставува дека продажбата на акциите му донела на Надела околу 35,9 милиони долари. Тој продаде 328.000 акции во серија на договори по цени кои се движат од 109,08 до 109,68 долари за акција.

Акциите на „Microsoft“ се зголемија за 53 отсто во текот на изминатата година, завршувајќи ја седницата во петокот по цена од 109 долари по акција. Рекордна вредност беше постигната на 25-ти јули, кога една акција беше разменета за 110,83 долари.

„Продажбата на акции (…) се должи на личното финансиско планирање и диверзификација“, изјави портпаролот на „Microsoft“ за „Bloomberg“. „Недела е посветена на континуираниот успех на компанијата и нејзиниот удел во акции ги надминува минималните барања утврдени од одборот на директори на „Microsoft““, рече тој.

50-годишниот Надела поседува уште 778.596 обични акции. Откако ја презеде улогата на главен извршен директор, наследувајќи го Стив Балмер во февруари 2014-та година, акциите на „Microsoft“ вредноста ја зголемија тројно.

Почнувајќи од 29-ти септември, тој има и 2.28 милиони дополнителни акции или опции. Надела треба да има акции во висина од 15 пати од основната плата. Неговата годишна основна плата во 2017-та година изнесува 1,45 милиони долари, а вкупниот надоместок надминува 20 милиони долари.

Надела продаде акции и порано. Главниот извршен директор на „Microsoft“ се раздели со 143.000 хартии од вредност вредни 8,3 милиони долари пред две години, според документите направени од страна на регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП