Сите хотели на „Булгари“ асоцираат на луксуз, а прекрасниот „Булгари Ресорт“ на Бали е еден дел од овие луксузни хотели.
Сместен е на брегот на Улувату, со прекрасен поглед на Индискиот Океан.
Главната вила има неверојатен панорамски поглед и во голем дел е инспирирана од накитот на Булгари. Таа е уредена во арт деко стил комбиниран со модернистички премети кои го потенцираат луксузот во ова катче.
Имате можност да уживате во долги прошетки на плажата, да пливате во кристалната вода на океанот, да ги користите неверојатните спа третмани или да одите во шопинг со личен асистент.
Ако сте авантуристички расположени постои можност со хеликоптер да отидете и во посета на вулканот.
Цената за едно ноќевање изнесува 640 евра.
Погледнете ги прекрасните фотографии…