23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсигурување МАКЕДОНИЈА со добивка пред оданочување во износ од 63,1 милиони денари

Осигурување МАКЕДОНИЈА со добивка пред оданочување во износ од 63,1 милиони денари

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје Виена Иншуренс Груп првото полугодие од 2018 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 63,1 милиони денари. Во истиот период 2017 година Друштвото оствари  добивка пред оданочување во износ од 41,4 милиони денари.

Бруто полисираната премија бележи пораст во однос на истиот период од минатата година од 6,8%.

Основните причини за зголемената добивка во првото полугодие на годинава се порастот на нето заработената премија за 13,8 % и намалувањето на нето настанатите штети за 9,3%.

Друштвото е во насока да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат и во 2018 година, со стратешка определба на зголемување на обемот на квалитетни осигуреници.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП