8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom повторно ја зголеми годишната прогноза за добивката

Deutsche Telekom повторно ја зголеми годишната прогноза за добивката

Германскиот телеком концерн „Deutsche Telekom“ ја зголеми својата прогноза за профит по втор пат во оваа година, откако ги објави резултатите за вториот квартал, кои покажаа стабилен раст, иако тие беа под влијание од послабиот долар, пренесува „Ројтерс“.

Најголемиот европски телекомуникациски оператор изјави дека коригираната добивка пред даноци и такси (EBITDA) ќе достигне 23,4 милијарди евра (27,17 милијарди долари) во 2018-та година, што е над минатогодишните 23,3 милијарди евра.

„Трендовите во Германија и во САД се позитивни. Нашите европски единици повторно известуваат за стабилен раст“, рече главниот финансиски директор Томас Даненфелт.

Американската единица „T-Mobile“, што чека одобрување од регулаторите за да се здобијат со конкурентот „Sprint“, веќе забележа голем раст на бројот на корисници за вториот квартал. Но, неговиот придонес беше збришан со пад од 10 отсто на американскиот долар во однос на еврото во последните 12 месеци.

Приходите на „Deutsche Telekom“ се намалија за 2,8 отсто за период од една година до 18,37 милијарди евра, велат аналитичарите. „EBITDA“, исто така, се намали за 0,3%, иако ги надмина проекциите.

Доколку не се има предвид влијанието на валутните флуктуации, приходите и прилагодената заработка се зголемија за 1,3% и 3,9%, соодветно.

Прилагодената нето добивка се зголеми за 3,3 отсто на 1.238 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП