20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОваа чудна куќа се продава за 1,4 милиони долари (фото)

Оваа чудна куќа се продава за 1,4 милиони долари (фото)

Во Калифорнија, помеѓу Монтереј и Санта Круз се наоѓа веројатно најчудната куќа за продажба во државата.

Интересната градба се продава по цена од 1,4 милиони долари.

Наречена „еднообразна куќа-скулптура“, домот е далеку од вообичаените поими за куќа.

Дизајнот на објектот е од локален уметник кој се стреми да произведе „органичени форми и заеднички простори за живеење“, пишува „CNBC“.

Стилот на куќата е опишан од „Coldwell Banker Global Luxury Real Estate Company“ како „куќа од средината на векот со боемски вкус“.

Куќата има површина од 445 квадратни метри, за разлика од повеќето луксузни куќи, има една спална соба и една бања.

Куќата располага со камин, бетонски ѕидови, рачно изработени стаклени плочи, стаклено скалило и голема када со поглед на градината.

Чудната куќа била дизајнирана во 1969-та година, со градина од 500 квадратни метри полна со егзотични растенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП