3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол АД Скопје ја триплираше добивката за првото полугодие

Макпетрол АД Скопје ја триплираше добивката за првото полугодие

Во првото полугодие од 2018 година „МАКПЕТРОЛ“ АД – Скопје оствари добивка пред оданочување во висина од 365,8 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 341,5 милиони денари која е тројно повисока од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка по оданочување во износ од 114,7 милиони денари.

Во овој период „МАКПЕТРОЛ“ АД – Скопје оствари вкупен приход во износ од 9,77 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 1,2 милијарди денари. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 9,40 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за само 0,94 милијарди денари.

Основни причини за остварената добивка се следниве:

1. Зголемената продажба на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати и метанот за 2% од минатогодишната рекордна продажба и значително зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман.

2. Зголемување на приходи од продажба на странски пазари за 42% при што е постигнат позитивен нето девизен ефект од 4,953 мил. евра;

3. Зголемување на оперативната добивка за цели 253%;

4. Зголемување на приходи од вложувања, камати и курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 48%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП