3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали ова се мотоциклите кои ќе го спасат Harley-Davidson? (фото+видео)

Дали ова се мотоциклите кои ќе го спасат Harley-Davidson? (фото+видео)

Познатиот американски производител на мотоцикли се ноаѓа во тешка ситуација која се обидува да ја преброди со нова бизнис политика, која подражбира и некои радикални потези.

„Harley“ во својот бизнис план за раст за 2020-та година ги дефинираше правците за развој на компанијата со кои ќе се обиде да привлече нови млади купувачи и да ја подобри продажбата. Дека финансиски не стојат добро е веќе познато, како и тоа дека лекот за таквата ситуација претставува зголемување на приходот.

„Harley“ ќе се обиде да оствари триумф на „битките“ на двата фронта. Од една страна ќе настојува своите производи да ги направи подостапни, преку прилагодлива мрежа на дистрибуери. А тоа значи дека, ако се покаже како оправдан потег, познатите мотоцикли ќе се продаваат и во шопинг центри.

Кога стнаува збор за пристапноста, „Harley“ воведува нова платформа и го намалува нивото до 500 ccm. Toа значи дека три нови мотоцикли ќе бидат создадени на оваа основа, и тоа „touring“, „cruiser“ и „naked3.

Инженерски гледано, тоа има и бројни ограничувања, но дури праксата може да покаже колку ваков проект на развој на мотоцикли за различни намени на иста платформа можат да покажат квалитет.

„Harley-Davidson“ новите модели „Streetfighter“, „Custom“ и „Pan America“ на патиштата ќе ги пушти, најверојатно за малку повеќе од една година.

Ниту електричниот модел „LiveWire“ не е шега. До 2022-ра година во понудата на „Harley-Davidson“ ќе се најдат три, ако не и четири електрични мотоцикли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП