25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon плати само 2,2 милиони долари даноци во Велика Британија

Amazon плати само 2,2 милиони долари даноци во Велика Британија

Гигантот во онлајн трговијата „Amazon“ е подложен на критики, бидејќи даноците кои ги плаќа во Велика Британија, се намалиле и покрај растот на продажбата и профитот.

Податоците покажуваат дека британската единица на „Amazon“ има да плаќа даноци во вредност од 4,6 милиони фунти (6 милиони долари) за 2017-та година, но платила 1,7 милион фунти (2,2 милиони долари), одложувајќи го остатокот.

Профитот на компанијата пред данок изнесуваше 72,4 милиони фунти, што е речиси три пати повеќе од претходната година. Приходите изнесуваа 1,99 милијарди фунти, во споредба со 1,46 милијарди фунти.

Намалувањето на даноците делумно се должи на исплатата на акциите на вработените, што се пријавува како расход и се одзема од добивката.

„Amazon“ објави дека ги плаќа сите даноци што се потребни во Велика Британија и во која било земја каде што работи.

Традиционалните малопродажни синџири тврдат дека се борат да се натпреваруваат со онлајн гигантите кои користат дупки за да ги намалат трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП