19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple официјално највредна компанија во светот - достигна 1.000 милијарди долари

Apple официјално највредна компанија во светот – достигна 1.000 милијарди долари

Технолошкиот гигант “Apple”, чии акции се тргуваа на берзата, стана првата компанија во светот чија пазарна капитализација достигна 1.000 милијарди долари.

Акциите на технолошката компанија скокнаа за 2,7 отсто на историски максимум од 207,05 долари, објави АП.

Новинската агенција Ројтерс објави дека со актуелниот скок акциите на “Apple” во вторникот се зголемија за 9,0 отсто, кога компанијата објави подобри тримесечни деловни резултати од очекуваното и најави откуп на своите акции во вредност од 20 милијарди долари.

Денешниот врв беше практично незамислив во 1997 година кога компанијата беше на работ на банкрот, а нејзините акции беа тргувани по цена од помалку од еден долар во тоа време.

Компанијата е основана во 1976 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП