26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекламниот бизнис ги подобри резултатите на Baidu

Рекламниот бизнис ги подобри резултатите на Baidu

Кинескиот гигант во онлајн пребарување „Baidu“ ги надмина очекувањата за приходите и профитот за кварталот благодарение на силниот раст на својот главен бизнис со онлајн рекламирање, пренесува „Ројтерс“.

Последователните квартали со силен профит покажуваат дека „Baidu“ научила да ги заобиколува регулаторните пречки во Кина.

„Baidu“ објави дека нејзината нето добивка е зголемена за 45 отсто до 6,4 милијарди јуани (940,65 милиони долари), или 18,14 јуани за американската депозитарна акција (ADS). Податоците се за вториот квартал, кој заврши на 30-ти јуни. За споредба, 18-те аналитичари анкетирани од „Thomson Reuters I/B/E/S“, прогнозираа раст од само 13,4%.

Приходите од сегментот за онлајн рекламирање скокнаа за 25% до 21,1 милијарди јуани (3,10 милијарди долари) во кварталот, благодарение на растот на „њузфид“ производот на „Baidu“ – апликација слична на „Facebook“.

Вкупните приходи се зголемени за 24,4% до 25,97 милијарди јуани (3,81 милијарди долари), надминувајќи ја прогнозата за раст од 22,4%.

„Baidu“ инвестира значително во тоа да го промовира својот „АI“ и автомобилскиот бизнис, но најмногу ветуваат нејзините влогови во овие области се уште се во почетна фаза на развој, што значи дека растот на профитот ќе биде под притисок некое време, велат аналитичарите.

Според зборовите на аналитичарот на „TH Data“, Тиан Хоу компанијата продолжува да инвестира во работи кои можат да и донесат раст на долг рок.

„Како резултат веруваме дека нема да видиме никаков раст на маргината во догледна иднина“, објасни тој.

Иако по најдобрите резултати од прогнозираното, стапката на раст на профитот на „Baidu“ за вториот квартал е побавен во однос на овој во претходните четири пресметковни периоди.

Компанијата објави дека очекува приходите за нејзиниот трет квартал да се во опсегот 27,37-27,77 милијарди јуани, што претставува раст од 23-30% на годишна основа. Прогнозата е над очекувањата за раст од 18,9%, што ја прогнозираат 17-те аналитичари анкетирани од „Thomson Reuters I/B/E/S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП