29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВо Беверли Хилс продаваат земјиште за 1 милијарда долари

Во Беверли Хилс продаваат земјиште за 1 милијарда долари

Легендарно и речиси неразвиено парче земја од 635 декари што гледа кон Беверли Хилс, ќе биде објавено за продажба за рекордната цена од една милијарда долари, пренесува „Bloomberg“.

Земјата нуди неверојатна глетка кон планините Сан Габриел, Малибу, Пацификот и централниот дел на Лос Анџелес, а идниот сопственик ќе има за соседи ѕвезди, како Сет МакФарлан, Силвестер Сталоне и Ворен Бити.

На имотот „Mountain Beverly Hills“ се наоѓа во квартот „Beverly Crest“, соседен на „Beverly Hills“, со „Studio City“ на север и „Bel Air“ на запад. Земјата е толку голем што може да собере цел „Disneyland“ и пак да останат неисполнети 230 декари.

Меѓу поранешните сопственици или евентуални идни купувачи на имотот се Бред Пит, Том Круз, Мерв Грифин, основачот на „Herbalife“, Марк Хјус и принцезата Шамс, големата сестра на покојниот шах на Иран.

„Ова е посебен, трофеен имот. Тој е уникатен и убав“, вели Кристин Хонг, специјалист за луксузен имот во компанијата „Coldwell Banker“ во Беверли Хилс.

„Побарувачката во реонот е голема“, вели Хонг. Просечната цена на квадратен метар во Беверли Хилс во моментов е 26.910 долари. „The Mountain“ вклучува шест одвоени парцели на кои новиот сопственик може да се изгради куќа со површина до 140.000 м2. Со оглед на просечната цена на кватратен метар, градењето на слична куќа или куќи ќе чини околу 4 милијарди долари одделно од понудената цена за земјата.

Шамс Пахлави, големата сестра на последниот ирански шах Мохамад Реза Пахлави, го купи имотот на крајот на 70-тите години на минатиот век и планираше да изгради единечен имот. По Иранската револуција во 1979-та година, при што брат и беше соборен, а тогашната нејзината куќа во Калифорнија беше напаѓана со запаливи бомби од приврзаници на Исламската република, принцезата го остави теренот да пустее десет години, по што медиумскиот магнат Мервил Грифин ја презеде сопственоста врз него во 1987-ма година.

Тој имаше големи планови за изградба на масивен комплекс на теренот, но со текот на времето интересот кон проектот испари. Во 1997-ма година, кога ја презема сопственоста на „Beverly Hilton Hotel“, Грифин го продава земјиштето на основачот на „Herbalife“ и милијардер Марк Хјус.

Хјус плати 8,5 милиони долари и планираше да изгради дом со површина од околу 4.200 м2. По неговата смрт во 2002-ра година земјата стана дел од наследството, управувано од агенција која ги штити интересите на осумгодишниот син во тоа време.

Потоа холивудски зведи, како Бред Пит и Том Круз пројавиле интерес за дел или за целиот имот што во последните години се користи како простор за спроведување на настани. Но тужби за сопственоста не дозволуваа до овој момент имотот да излезе на пазарот. Сега тој се продава од компаниите „Secured Capital Partners“ и „Aaron Kirman Partners“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП