26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКошмарниот отчет на Facebook доведе до тужба против компанијата

Кошмарниот отчет на Facebook доведе до тужба против компанијата

Facebook и главниот извршен директор Марк Цукерберг се суди во рамките на дело, што може да прерасне во групно барање поврзано со разочарувачките финансиски резултати на компанијата, со кои беа избришани околу 120 милијарди долари од богатството на акционерите, пренесува Ројтерс.

Тужбата, поднесена од акционерот Џејмс Какурис во Федералниот суд во Менхетен, го обвинува Facebook, Марк Цукерберг и главниот финансиски директор Дејвид Венер дека направиле лажни изјави и не успеале да соопштат за забавувањето на растот на приходите, за падот на оперативните маргини и намалувањето на бројот на активни корисници.

Какурис рече дека пазарот беше шокиран кога вистината дојде во прв план во средата. Тој тврди падот од 19% на цената на акциите на Facebook следниот ден е поврзан со кршењето на федералните закони за хартии од вредност од страна на обвинетите.

Случајот е за неодредена штета. Портпаролката на „Facebook одби да коментира.

Акционерите често ги тужат компаниите во САД после шокот од намалување на вредноста на нивните акции, особено ако загубат големо богатство.

Facebook се соочи и со голем број дела во врска со начинот на кој ги чува корисничките податоци, што пак е поврзано со скандалот со британската фирма Cambridge Analytica. Многу од тврдењата се консолидирани во Федералниот суд на Сан Франциско.

Падот во четвртокот исто така го погоди и Цукерберг. Тој беше четвртиот по богатство во светот, но Ворен Бафет, со кого се натпреваруваат рамо до рамо, во моментов има 83 милијарди долари богатство кое е над тоа од 66 милијарди долари на Цукерберг, покажуваат податоците на списанието Forbes.

Сега Бафет е на трето место на листата на милијардери во светот, додека Цукерберг е шести.

Акциите на „Facebook“ паднаа за 0,8 проценти на 174,89 долари во петокот.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП