29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКлик-Клак - Луксузниот хотел во Богота (фото)

Клик-Клак – Луксузниот хотел во Богота (фото)

Бидејќи планирањето за некое патувањето само со себе носи малку тензија, еве ви водич кој ќе ви помогне да го одберете местото кое е најдобро за вас…

„Клик-Клак“ хотелот во Богота, Колумбија, е дефинитивно место кое треба да го имате во предвид како ваша следна дестинација. Покрај уживањето во богатото и динамично јужноамериканско наследство, кое се меша со модерниот животен стил, гостите во овој луксузен хотел имаат можност да уживаат во уникатната гостопримливост и фантастичниот модерен дизајн.

Дизајниран од страна на „B Arquitectos“ во соработка со „Perceptual Studio“, овој фантастичен хотел во Богота ги дочекува своите гости со непредвидлива комбинација на ентериери.

Пријателски настроен и со свој уникатен стил, овој хотел вам ви овозможува да се фокусирате на сите аспекти на оваа земја, а сето тоа со најмодерните погодности кои еден луксузен хотел треба да ги нуди.

Со својата импресивна фасада, која прави контраст со стакла и метали, овој хотел претставува современ дизајн кој продолжува и во неговиот ентериер. Удобната атмосфера ви нуди се што е модерно за еден светски патник. Звучи примамливо зар не?

ot2

ot3

ot4

ot5

ot6

ot7

ot8

ot9

ot10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП