13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche по вторпат ја зголеми својата прогноза за годината

Roche по вторпат ја зголеми својата прогноза за годината

Швајцарската фармацевтска компанија „Roche“ ја зголеми прогнозата за 2018-та година по втор пат во оваа година, откако нејзините продажба и профит за првите шест месеци од годината со леснотија ги надминаа очекувањата на аналитичарите благодарение на силното претставување на неколку нови лекови, вклучувајќи за мултиплекс склероза – „Ocrevus“, соопштува „Ројтерс“.

Продажбата за првата половина на годината пораснаа за 7% до 28,1 милијарди франци (28,35 милијарди долари) на годишна основа во однос на средна прогноза за 27,5 милијарди франци во анкетата на „Ројтерс“. Оперативната добивка на „Roche“ се зголеми на 11,2 милијарди франци, со околу 10,369 милијарди франци.

„Roche“ ја зголеми својата прогноза за 2018-та година и се очекува да порасне помеѓу 4 и 6% при постојан девизен курс. Претходната прогноза беше за раст помеѓу 1 и 3%. Основната заработувачка по акција, со исклучок на влијанието на даночната реформа во САД, ќе се зголеми во согласност со продажбата, соопшти компанијата.

Главниот извршен директор на „Roche“, Северин Шван ги компензира загубите од патенти за постарите профитабилни лекови, како „Rituxan“ и „Herceptin“ со нови лекови кои стануваат се попопуларни меѓу лекарите и пациентите.

„Ocrevus“, кој е втора година на пазарот, го надмина прагот од една милијарда долари за само шест месеци.

„Со оглед на многу добрата и постојаната растечка перцепција на нашите нови лекови сме на пат да го обновиме своето портфолио“, рече Шван и додаде: „Растот на бизнисот ќе продолжи, вклучувајќи и по оваа година“.

Биофармацевтите имаат сериозно влијание врз презентацијата на постарите лекови на „Roche“. Продажбата на „Rituxan“ се намали за 9% на глобално ниво, откако во Европа, каде има мноштво поевтини конкуренти, тие паднаа речиси за 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП