16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеонардо се врати во Милан

Леонардо се врати во Милан

Поранешниот бразилски фудбалер Леонардо се врати во Милан на функцијата генерален директор. Леонардо беше играч на Милан во периодот од 1997 до 2001 и успа да освои по една титула во првенството и Купот на Италија.

Леонардо и по завршувањето на играчката кариера се врати во Милан, кога на тренерската позиција во 2009 година го замени Карло Анчелоти, но тогаш се задржа само една сезона во клубот.

Клубот кој од пред неколку дена има нови сопственици, најави дека враќањето на Леонардо во Милан ќе донесе голем успех на теренот.

Во текот на својата кариера, Леонардо, бил играч на Фламенго, Валенсија и ПСЖ. Во дресот на бразилската репрезентација запишал 55 настапи и ја освои титулата на Светското првенство во 1994 година.

Тренерската кариера ја започна во Милан, а потоа ги предводел Интер и Анталијаспор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП