26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Каде корисниците на смартфони сурфаат најбрзо?

График на денот: Каде корисниците на смартфони сурфаат најбрзо?

САД се гордеат дека се технолошки лидер во светот. Компании како „Apple“, „Alphabet“, „IBM“, „Amazon“ и „Microsoft“ го обликуваат нашиот (дигитален) живот веќе многу години и нема големи индикации дека наскоро тоа ќе се промени.

Што се однесува до инфраструктурата, сепак САД заостануваат меѓу најдобрите во светот, било да е тоа во однос на домашниот широкопојасен или безжичните широкопојасни интернет брзини. Според најновиот извештај за „LTE“ на „OpenSignal“ просечната брзина на симнување на податоци преку 4G во САД е 16,31 Mbps во четвртиот квартал на 2017-та година. Ова е малку повеќе од една третина од брзината на која ја имаат корисниците на мобилни уреди во Сингапур, и ја рангира САД на 62-то место во светска ранг-листа.

И додека мобилните мрежи во САД заостануваат во однос на брзина, тие се во pанг со најдобрите од гледна точка на достапноста на 4G. Според наодите на „OpenSignal“, „LTE“ е на располагање на корисниците на паметни телефони во САД во 90% од времето, поставувајќи ја САД на петтото место во светот.

САД сепак не се сами во борбата да се израмнат со најдобрите во светот во однос на брзината на мобилната конекција: Велика Британија е на 41-вата позиција во рангирањето на „OpenSignal“ со просечна брзина од 23,1 Mbps.

Македонија е пласирана на шеснаесетото место со брзина од 30,5 Mbps.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП