28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpyker го загуби спорот со GM за Saab

Spyker го загуби спорот со GM за Saab

saab-and-gm-dealer-signs

Американскиот суд во Мичиген ја отфрли тужбата на „Spyker“ која холандската автомобилска групација ја поднесе против „General Motors“ (GM), оптужувајќи ја американската компанија дека со своите потези го турнала „Saab“ во банкрот.

За постетување „Spyker“ во август 2012-та година го тужеше „GM“ барајќи од него оштета од три милијарди долари. Холандската компанија тврдеше дека „GM“ намерно се замешале во преговорите околу продажбата на „Saab“ и така спречиле тој производител на автомобили со помош на кинеските компании „Youngman“ и „Pang Da“ да изврши реструктуирање и да продолжи со работа.

„Saab“ како поранешна подружница на „GM“ во 2010-та година премина во соптвеност на „Spyker“, но „GM“ остана акционер во шведскиот производител на автомобили како негов најголем снабдувач на делови и мотори.

Откако неуспешно се обидоа да ја извлечат од финансиска криза, „Saab“ во декември 2011-та година поднесе барање за банкрот за на крајот да биде продаден на кинеско-јапонскиот конзорциум „National Electric Vehicle Sweden AB“ (NEVS), кој под името „Saab“ има во план да произведува електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП