23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon повторно и се заканува на Apple

Amazon повторно и се заканува на Apple

Во текот на изминатата недела пазарната капитализација на „Amazon“ за прв пат во историјата ја премина границата од 900 милијарди долари.

Компанијата, основана од страна на Џеф Безос во 2004-та година, преживеа за време на кризата „dotcom“ и е на пат да ја смени „Apple“ од челното место меѓу најскапите јавни претпријатија по 21 година на берзата.

Само оваа година цената на „Amazon“ е зголемена за 55%, во споредба со 13% на онаа на „Apple“. Инвеститор кој во 1997-ма година купи само 1 акција на компанијата по цена од 18 долари, денес ќе има на сметка 22.200 долари.

Или, со други зборови, во текот на 21-годишниот период акцијата се зголемила повеќе од 123.000%. Импресивно, нели?

Од друга страна „Apple“ е најскапата јавна компанија од 2011-та година, откако тогаш ја превзема „Exxon Mobil“. Денес нејзината капитализација e 940 милијарди долари, а според аналитичарите една од двете компании прва ќе стигне до психолошката граница од 1.000 милијарди долари. Прашањето е која?

Одговорот на ова прашање можеби ќе стане луциден уште оваа недела, откако „Amazon“ се очекува да ги објави своите резултати за првите два квартали на 26-ти јули (четврток), додека „Apple“ ќе го стори тоа 5 дена подоцна.

Број 3 меѓу најскапите компании во САД во моментов ја држи „Alphabet“ (823 милијарди долари), следена од „Microsoft“ (816 милијарди долари) и „Facebook“ (607 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП