Со локација во Мајами, овој луксузен стан на две нивоа е дело на студиото „Mila Design“…
Станот претставува интригантна мешавина на материјали и текстури, како и отворен план простор со многу гостопримливи и модерни елементи. Високите тавани, употребата на стакло и белите ѕидови даваат чувство на елеганција.
Функционалните зони – кујната, трпезаријата и дневната соба, паметно се одвоени со оригинални декоративни предмети и смели текстури. Над просторот за седење, се наоѓа бетонски текстурен плафон, кој совршено се вклопува со сивиот тепих.
Акцентите од дрво кои се користени во кујната и трпезаријата даваат топол и пријатен комфор. Лакираните подови се со сјаен контраст. Палетата на бои е едноставна, односно користени се белата, сивата, беж и кафената боја со цел да се нагласи луксузниот и елегантен амбиент.
Уживајте во фотографиите….