11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИComcast се повлече од наддавањето за активи на Fox

Comcast се повлече од наддавањето за активи на Fox

Медиумскиот гигант „Comcast“ се повлече денеска од наддавањето за забавниот бизнис на „Twenty-First Century Fox“, истакнувајќи дека ќе се фокусира наместо тоа на европскиот телевизиски оператор „Sky“, пренесоа светските агенции.

„Comcast“ понуди речиси 66 милијарди долари за „Fox“.

Повлекувањето остава широко отворена вратата за „Walt Disney Corporation“ да го купи имотот на „Twenty-First Century Fox“ со понудата од 71 милијарди долари. Министерството за правда на САД даде согласност за понудата на „Disney“ доколку компанијата продаде 22 регионални спортски мрежи. Акционерите на „Fox“ ќе гласаат за понудата на „Disney“ на 27-ми јули.

Минатата недела „Comcast“ ја зголеми понудата за „Sky“ до 34 милијарди долари, откако „Twenty-First Century Fox“ ја покачи својата на 32,5 милијарди долари. „Sky“ работи во Австрија, Германија, Ирска и Италија, како и во Велика Британија и има 22,5 милиони корисници, привлечени од предлозите, како емитувањето на натпреварите од англиската Премиер лига и серијата „Игра на тронови“.

„Comcast“ и „Fox“ го сакаат „Sky“, за да соберат повеќе програмски содржини, емулатор се за гледачи, како со традиционалните телевизии, така и со технолошки компании, како „Netflix“ и „Amazon“.

Акциите на „Comcast“ се зголемија за повеќе од 2,5 проценти во утринските часови. Акциите на „Disney“ додадоа 1,2 отсто, додека оние на „Fox“ паднаа за еден отсто на берзата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП