28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон го продолжи договорот со Мерцедес

Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес

Актуелниот шампион во првенството на Формула 1, Луис Хамилтон, потпишал нов договор со Мерцедес. Британецот болидот на Мерцедес ќе го вози и во сезоните 2019 и 2020.

„Убеден сум дека Мерцедес е вистинското место на кое треба да бидам во наредните години. Иако, од 2013 година постигнавме многу успеси, Мерцедес се уште е „гладен“ за титули“, рекол Хамилтон.

Според шпекулациите, Хамилтон, годишно ќе заработува 40 милиони фунти.

„Потпишувањето на договорот беше само формалност, бидејќи јас и Тото Волф се договоривме уште пред почетокот на сезоната. Сепак добро е што сега тоа го ставивме на хартија. Дел од Мерцедес сум веќе 20 години и никогаш не сум бил посреќен“, дополнил Британецот.

Хамилтон, оваа сезона, води голема борба со опонентот од Ферари, Себастијан Фетел, за шампионската титула. Германецот има седум бода повеќе од Бртанецот, во пресрет на трката што за викенд ќе се вози во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП