Едно од најлуксузните места за вечерање во Лондон е ресторанот „Sketch“…
Местото, кое e многу различно од другите, е многу уметничко и комплексно. Овде, уметноста станува храна, а храната уметност.
Францускиот готвач Пјер Гангаире во соработка со Мовард Мазоуз го креираше ресторанот „Sketch“ како комплексен простор со различни простории, уредени со уникатен декор и атмосфера.
Во овој луксузен ресторан, храната е иновативна, вкусна, специфична и прекрасна. Вашето искуство во овој ресторан ќе биде извонредно. Доколку сакате комбинација од различни светски кујни и иновативни рецепти, ова место ќе ве освои целосно.