25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis забележа значително зголемување на нето-приходите

Novartis забележа значително зголемување на нето-приходите

Фармацевтската компанија „Novartis AG“ ја потврди прогнозата за 2018-та година по раст на нето приходите од продажба, главно благодарение на лековите, како „Cosentyx“ и „Entresto“, објави „MarketWatch“.

Нето приходот за вториот квартал забележа пораст од 13,16 милијарди долари од 12,24 милијарди долари за истиот период во 2017-та година.

„Novartis“ објави дека нејзиниот оддел за рак продолжува да расте во оваа година по истекот на патентот на компанијата за неговиот екстремно популарен лек „Gleevec“.

Шведскиот фармацевтски гигант објави дека нето добивката во вториот квартал изнесува 7,77 милијарди долари наспроти 1,98 милијарди долари за претходната година, што е пораст од 5,7 милијарди долари. Главната причина е продажбата на акциите на компанијата во заедничката здравствена компанија, која ја вклучува „GlaxoSmithKline PLC“. Поради оваа причина, „Novartis“ вели дека последните два квартала не се споредливи. Неговиот удел во заедничкото претпријатие беше продаден за 13 милијарди долари.

„Novartis“ ја потврди својата прогноза за годината, очекувајќи зголемување на нето-приходите со ниска до средна едноцифрена стапка на раст.

Компанијата објави голем број мерки во оваа година за да се фокусира на лековите.

Во текот на изминатиот месец, „Novartis“ објави дека ќе го продаде одделот за заштита на окото на „Alcon“, проценет на 20 милијарди долари. Претходно во јуни, компанијата додаде дека ќе се откаже од антивирусните и антибиотичките студии.

Извршниот директор Васант Нарасимхан често зборува за транзицијата.

Тој рече дека компанијата „постигнала значителен напредок во последниот квартал, трансформирајќи се во компанија фокусирана на лекарствата“.

Нарасимхан додаде дека заедно со „Pfizer“, главен конкурент на компанијата, ќе ги „замрзнат“ цените на лековите во остатокот од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП