25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Goldman Sachs скокнаа за 40% во вториот квартал

Приходите на Goldman Sachs скокнаа за 40% во вториот квартал

Американската банка „Goldman Sachs“ објави раст на добивката од 40% во второто тримесечје или до 2,57 милијарди долари, што е над очекувањата на аналитичарите благодарение на најдобрите од очекуваните приходи од инвестициската и лизинг дивизија, објави „CNBC“.

Добивката по акција од 5,98 долари ја надмина прогнозата на аналитичарите од „Thomson Reuters“ за заработка по акција од 4,66 долари. Приходите на „Goldman Sachs“ се зголемиле за 19% до 9,40 милијарди долари при првичните очекувања од 8,74 милијарди долари.

Некаматните трошоци на американското инвестициско банкарство забележаа раст од 24% до 2,66 милијарди долари, наспроти година порано поради одвојување на повеќе средства за различни правни и судски постапки. Тоа е околу 200 милиони повеќе од предвидените од страна на аналитичарите.

„Силното претставување на сите основни бизниси доведоа до нашите најдобри резултати за првото полугодие од годината по девет години“, изјави главниот извршен директор на „Goldman Sachs“ Лојд Бланкфејн. Тој додаде дека банката е добро позиционирана да инвестира во атрактивни можности за да ги задоволи потребите на своите клиенти и да продолжи да генерира раст на финансискиот резултат.

Но, „Goldman Sachs“ е на крстопат. По 12-годишно управување на инвестициската банка Бланкфејн е на пат да биде наследен од сегашниот главен оперативен директор, Дејвид Соломон.

Од почетокот на годината акциите на „Goldman Sachs“ поевтинуваат за 9,2%, а за време на денешната берзанска сесија благо се зголемија со 0,41%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП