5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУживајте во боите на луксузниот Missoni во Кувајт

Уживајте во боите на луксузниот Missoni во Кувајт

mi1

Луксузниот хотел „Missoni“ во Кувајт е отворен на 1 март 2011 година. Овој хотел е вториот од синџирот хотели, чиј сопственик е корпорацијата „Carlson“.

Сместен во областа Ал Салмија во Персискиот залив, овој хотел ги отвори своите врати по две години од отворањето на првиот хотел „Missoni“ во Единбург, Шкотска, на 8 јуни 2009 година. Предвидено е синџирот хотели „Мисони“ да опфаќа 30 објекти ширум светот.

Дизајнот на хотелот „Missoni“ во Кувајт е уникатен. Стилот е мешавина од бохо и гламур, додека мебелот е избор на врвните дизајнери Филипе Старк и Ханс Вегнер. Во собите преовладуваат јасни линии кои се одлично искомбинирани со топлите бои и дезени.

Апартманите во хотелот „Missoni“ се синоним за луксуз во 21-от век. Во секој апартман се забележуваат естетската и динамична употреба на бои и елегантниот суптилен дизајн. Сите соби и апартмани имаат поглед кон Персискиот залив.

Хотелот располага со два ресторани и еден кафе-бар. Ресторанот „Кучина“ нуди автентична италијанска храна, додека ресторанот „Луна“ е резервиран за љубителите на арапска храна. За оние кои уживаат во неодоливата комбинација на кафе и чоколадо, барот „Чоко кафе“ е вистинскиот избор.

Базенот и спа-центарот се вистински рај за посетителите. Спа-центарот „Шест сетила“ вклучува 11 соби за третмани, 2 амама и 2 спортски сали.

mi2

mi3

mi4

mi5

mi6

mi7

mi8

mi9

mi10

mi11

mi12

mi13

mi14

mi15

mi16

mi17

mi18

mi19

mi20

mi21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП