26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКои се најпрофитабилните воздушни маршути во светот?

Кои се најпрофитабилните воздушни маршути во светот?

Кои се најпрофитабилните воздушни маршути во светот? На ова прашање одговара британската компанија за анализи на воздушниот транспорт во светот „Official Airline Guide“ (OAG).

Првото место и припаѓа на врската помеѓу аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк и аеродромот „Хитроу“ во Лондон, оперирана од „British Airways“. За една година (од април 2017-та до март 2018-та година), таа донела приходи од над 1 милијарда долари на британската авиокомпанија, или 6% од нејзините вкупни приходи во 2017-та година, соопшти францускиот весник „Les Echos“.

На второ место е линијата Мелбурн-Сиднеј на„Qantas“, единствениот лет на кратки растојанија, кој наоѓа место во првите десет со приходи од 855 милиони долари. „Emirates“ се искачува до третото место благодарение на линијата од аеродромот „Хитроу“ во Лондон до Дубаи, која и донела приходи од 819 милиони долари.

Линијата Лондон-Дубаи на „Emirates“ сепак држи првото место по првенството по продуктивност со приходи од 25.308 долари на час наспроти 24.639 долари за линијата Лондон-Њујорк на „British Airways“.

Првите десет ги дополнуваат летот на „Singapore Airlines“ од аеродромот „Хитроу“ во Лондон до Сингапур со приходи од 710 милиони долари, летот на „American Airlines“ од Лос Анџелес до Њујорк со приходи од 698 милиони долари, летот на „Unites Airlines“ од Сан Франциско до Њуарк со приходи од 688 милиони долари, летот на „Cathay Pacific Airways“ од Хонг Конг до аеродромот „Хитроу“ во Лондон со приходи од 632 милиони долари, летот на „Qatar Airways“ од Лондон до Доха со приходи од 553 милиони долари, летот на „Air Canada“ од Ванкувер до Торонто со приходи од 552 милиони долари и летот на „Singapore Airlines“ од Сиднеј до Сингапур со приходи од 544 милиони долари.

Аеродром „Хитроу“ во Лондон е вистински магнет за приходи како почетна или крајна точка на половина од летовите во првите десет. Британскиот главен град останува водечка меѓународна дестинација или транзитна точка помеѓу континентите. Меѓународните летови имаат лесен надмоќ со шест места во првите десет, а внатрешните летови ги заземаат останатите четири позиции – два од нив се спроведуваат во рамките на САД, еден во Канада и еден во Австралија.

Резултатите покажуваат дека иако пробивот на нискотарифните компании, бизнис патувањата на долги растојанија продолжуваат да се главен извор на приходи на т.н. „историски“ компании кои се потпираат на аеродроми-хабови.

Останува да се види колку долго. На пример, за прв пат ова лето седум нискотарифни авиокомпании („XL Airways“, „La Compagnie“, „French bee“, „Norwegian“, „Level“, „Wow air“, „Primera Air“) извршуваат летови од Париз до САД. Нивните летови веќе се повеќе од оние на четирите големи традиционални авиокомпании со присуство во Франција – „Air France“, „Delta“, „United“ и „American Airlines“.

Тогаш дали нискотарифните летови на долги релации се само една од битките во трговската војна или се знак за подлабок развој? По „Lufthansa“ и „Air France“ компанијата-мајка на „British Airways“, „AIG“, исто создаде нискотарифна единица за услуги на далечни дестинации на крајот на 2016-та година.

Нискотарифните авиокомпании, од нивна страна, го следат примерот на исландската компанија „Wow Air“, која откако ќе се наметне на пазарот на трансатлантските летови, така што ќе ги намалат цените, се насочуваат кон пазарот на бизнис патувањата. Двете најпознати нискотарифни компании „Ryanair“ и „easyJet“, исто така не се за потценување.

Гигантите меѓу авиони, кои се клучни играчи во оваа битка, одговараат со цел да ја прилагодат понудата. Со „А321 Long Range Airbus“ ќе предложи авион за средни растојанија, опремен со дополнителни резервоари за гориво, кој ќе ги поврзува Париз со Њујорк како авион за долги растојанија, но по многу конкурентна цена.

Нејзиниот конкурент „Boeing“ веќе одговори, откако го достави во јуни на „Norwegian Air Shuttle“ првиот „Boeing 737 MAX 8“, опремен со нови, полесни седишта, за да врши летови меѓу Европа и Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП