30 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветските компании ќе ги складираат своите податоци на Арктикот?

Светските компании ќе ги складираат своите податоци на Арктикот?

Рускиот Арктик може да стане еден од најголемите центри за складирање на податоци за меѓународните компании, изјави директорот за развој на проекти на Арктикот, академик Александер Воротников.

Тој изјави дека многу меѓународни компании, како на пример „Facebook“, имаат центри за податоци во близина на поларниот круг.

„Русија има голем потенцијал за природен студ, кој е неопходен за работа на центрите за податоци“, вели Воротников и додава дека одредени регионални власти им понудиле на инвеститорите територии за организирање за центри за складирање на податоци.

Русија има и правна основа за развој на таков проект, додава тој.

Кон крајот на јуни, Русија усвои закон со кој ќе се регулира механизмот за соработка помеѓу јавниот и приватниот капитал во „IT“ технологиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП